Достапни линкови

Заев и Ахмети разговарале за натамошните чекори


лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети

Лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети на средба која вчера се одржа во седиштето на СДСМ ги разгледувале начините со кој би можело да се изнајде решение за политичката криза, откако претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека се уште не биле надминати пречките за доделување на мандатот за состав на нова влада. Во изјава за Алсат-М Ахмети вели дека со Заев разговарале за стратегијата со која би се ставиле во функција сите државните институции. „Неопходно е да се изнајдат начини да профункционира Собранието на Македонија и да продолжиме натаму со преговорите за градење на институциите со кои треба да се води државата“, рече Ахмети. Според него, за продолжување на конститутивната седница треба за тоа да се разговара со сите политички сили и да се постигне согласност со главните политички парии. Во однос на формирањето на Владата, Ахмети смета дека тоа треба да се случи по изборот на собранискиот спикер, кој според него, формално ќе го извести претседателот на државата дека има парламентарно мнозинство и програма врз основа на која тој треба да му го довери мандатот на Заев.

XS
SM
MD
LG