Достапни линкови

Белата куќа ги дообјасни обвинувањата на Трамп дека Обама го прислушувал


Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер зборува на прес-конференција. 14.02.2017

Белата куќа ги дообјасни обвинувањата на претседателот Доналд Трамп дека неговиот претходник го прислушувал за време на кампањата во 2016 година, соопштувајќи дека Трамп во неговото тврдење повеќе се осврнал на опширното прислушување.

Изјавата на портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на 13 март доаѓа откако Министерството за правда на САД побара од законодавците повеќе време за да бидат обезбедени докази за поддршка на недокажаните обвинувања на Трамп.

Спајсер рече дека тврдењето на Трамп не значело буквално. Тој истакна дека Трамп во голема мера мислел на „надзор и други активности“ кога ги направи обвинувањата на Твитер на 4 март.

Кевин Луис - портпаролот на поранешниот претседател на САД Барак Обама, твдењата ги опиша како „едноставно лажни.“ Лидерите на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на САД рекоа дека Министерството за правда ќе треба да презентира докази до 20 март.

XS
SM
MD
LG