Достапни линкови

Баша: опозицијата ќе протестира се додека не си замине Рама


Лидерот на Демокатската партија Љуљзим Баша

Лидерот на најголемата опозициска сила Демокатската партија Љуљзим Баша изјави дека опозицијата останува да протестира во Тирана се додека не си замине премиерот Еди Рама и неговата, како што рече, „корумпирана влада“. Коментирајќи ја смената на четворица министри во Владата, Баша рече дека останува и натаму барањето на демократите, а тоа е „гарантирање слободни и фер избори преку техничка влада со широка политичка поддршка“. Опозицијата со ова барање ги почна протестите на 18 февруари. Во спротивно таа најави бојкот на парлемантарните избори закажани за 18 јуни.

XS
SM
MD
LG