Достапни линкови

Турција: можно е преразгледување на спогодбата за мигрантите


Транзитниот центар за мигранти во Табановце.

Турскиот министер за Европската унија, Јомер Челик денеска спомна дека постои можност за преразгледување на спогодбата за намалување на приливот на мигранти кон Европа во пресрет на тензиите меѓу Турција и серија земји од Западна Европа, пред претстојниот референдум на 16 април за зголемување на надлежностите на турскиот претседател.

.Министерот рече дека Турција треба да го преразгледа прашањето, поврзано со префрлање на копно на мигрантите, кои фигурираат во спогодбата Турција - ЕУ за миграција.

Турција и ЕУ во март минатата година потпишаа спогодба за запирање на приливот на мигранти од Турција во Европа.

XS
SM
MD
LG