Достапни линкови

Штрајкот на новинарите во МПМ е радикализиран


Новинари и другите медиумски работници кои се вработени во најголемата медиумска издавачка куќа Медиа принт Македонија

Денеска штрајкувачките одбори на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ го радикализираа штрајкот со зголемување на неговото времетраењето на 8 часа.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници наведе дека причина за ова е што по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата, платата не е исплатена. Од ССНМ велат дека нема никаков прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период.

Од Синдикатот посочија дека револтот кај вработените е веќе преголем поради влошената економско-социјална положба и игнорантскиот однос на менаџментот.

XS
SM
MD
LG