Достапни линкови

Мекејн: Трамп да даде докази дека бил прислушуван


Републиканскиот сенатор Џон Мекејн

Републиканскиот сенатор Џон Мекејн побара од претседателот Доналд Трамп да поднесе докази дека неговите телефони биле прислушувани од неговиот претходник Барак Обама или да ги повлече ваквите наводи. На 4 март Трамп на Твитер напиша: „Страшно. Штотуку открив дека Обама ме прислушувал во кулата Трамп пред победата“. Според Мекејн, Трамп лесно може да ги повика директорите на ЦИА и на националното разузнавње и да праша дали имало прислушување на неговите телефони. Обама ги отфри ваквите наводи, како и екс директорот на националното разузнавање Џејмс Клапер.

XS
SM
MD
LG