Достапни линкови

Залутан куршум рани момче од скопско Стајковци


Архивска фотографија, илустрација

Залутан куршум рани малолетник од скопското село Стајковци, информира МВР. Станува збор за 17 годишно момче кое во два часот по полноќ во скопското село Брњаци се здобил со прострелна рана во десната нога, над коленото. Како што соопшти денеска МВР, малолетникот бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му е констатирана тешка телесна повреда и е задржан на понатамошно лекување. Од СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

XS
SM
MD
LG