Достапни линкови

Косово-полицијата заплени 2 милиони лажни евра


Косово-полицијата заплени фалсификувани банкноти во вредност од 2 милиони евра,10.03.2017

Косовската полиција соопшти дека уапсиле двајца мажи откако пронашле фалсификувани пари во вредност од два милиона евра во багажникот на автомобилот со кој се обиделе да ја преминат границата од Албанија кон Косово. Фалсификуваните банкноти во вредност од 2,1 милион евра биле најдени денеска во торба во автомобил возен од албански државјанин, се наведува во полициското соопштение. Двајцата, возачот и патникот кој е државјанин на Камерун се во притвор. Полицијата соопшти и дека ова е најголема конфискација на лажни банкноти по војната во Косово во 1998-99 година.



XS
SM
MD
LG