Достапни линкови

ДУИ не се согласува со СДСМ за банкнотите и униформите


Архивска фотографија-седиштето на ДУИ во Мала Речица

Во однос на денешните ставови ДУИ не се согласува дека двојазичните банкноти и униформи се неуставни, вели за Радио Слободна Европа портпаролот на партијата Бујар Османи.

„Ние сметаме дека се целосно во рамки на Уставот како што и пасошите што се користат низ цела територија, па и надвор се двојазични веќе со децении“ вели Османи.

Оваа реакција од партијата на Ахмети следува откако претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека уставните експерти што ги консултирале биле на ставот дека банкнотите се користат на целата територија на Македонија и евентуалната употреба на друг јазик при нивната изработка е спротивна на уставните одредби и дека сличен став имале и за прашањето за униформите.

XS
SM
MD
LG