Достапни линкови

Иванов-армијата е подготвена да ја штити Македонија


Архивска фотографија-претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Знамето што пред четврт век се крена тука, на Рамна Нива, претставуваше јасна и недвосмислена порака дека ова е територија на суверена и независна држава. Држава која е мирољубива и отворена за соработка со сите добронамерници. Но, истовремено, држава со своја сопствена армија која е подготвена по секоја цена да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија. Ова го порача претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов денеска на свеченоста по повод 25-годишнината од преземањето на караулата „Рамна нива“ од страна на припадниците на АРМ и подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница.

"И денес, како и пред четврт век, се соочуваме со предизвици. Но, и денес, како и пред четврт век, ја имаме Армијата на Република Македонија која е заштитник од заканите, гордост на граѓаните и надеж за мир во земјата", додаде македонскиот претседател.

Армијата, рече Иванов, даде најголем придонес за исполнувањето на високите стандарди на полето на одбраната, а тоа се покажува и со успешното и професионално справување со заканата од илегалната миграција на нашата јужна граница. Со денешната свеченост беше одбележан и денот на Командата на резервните сили на АРМ.



XS
SM
MD
LG