Достапни линкови

Израел-Иран пречка за мировните преговори за Сирија


Москва-средба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин,10.03.2017

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека никогаш не може да има мир во Сирија додека Иран ги остава советниците и војската таму.Нетанјаху рече дека со Путин разговарале за прашањето за Иран, нивните цели и интенции во Сирија и дека тој јасно кажал дека не може да има мировен договор за Сирија ако Иран е таму и ја најавува својата намера да го уништи Израел. Тој ова го рече во видео снимка објавена од неговиот кабинет денеска, ден по средбата на двајцата лидери во Москва. Изјавата следува и откако Путин по состанокот рече дека загриженоста на Израел е застарена и се чини дека потекнува од непријателството на античка Персија кон Израел пет века пред нашата ера, факт кој го спомена и самиот Нетанјаху во контекст на тоа дека Иран се уште преставувал закана. Ние сега живееме во поинаков свет, ајде да зборуваме за сега, рече Путин.

XS
SM
MD
LG