Достапни линкови

Пет лица загинаа во хелихоптерска несреќа во Истанбул


Истанбул-остатоци од урнатиот хелихоптер,10.03.2017

Tурските власти соопштија дека четворица Руси се меѓу жртвите во хелихоптерската несреќа во Истанбул денеска. Гувернерот на градот Васип Шахин рече дека и турски државјанин е жртва во падот кој се случи откако хелихоптерот Сикорски С-76 се урна на автопат. Двајцата пилоти ја преживеа несреќата. Турската телевизија НТВ јави дека хелихоптерот паднал по ударот во телевизиската кула која се наоѓа на излезот од градот. Властите соопштија дека Русите, двајца мажи и две жени, биле гости на турска компанија Ечацибаси фармација. Леталото се урнало пет минути по полетувањето од истанбулскиот аеродром Ататурк.

XS
SM
MD
LG