Достапни линкови

Хашкиот суд го отфрли барањето за ревизија на пресудата против Србија


Меѓународниот суд за правда во Хаг, архивска фотографија

Меѓународниот суд за правда во Хаг го отфрли барањето за ревизија на пресудата по тужбата против Србија, што го поднесе минатиот месец бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Сакиб Софтиќ.

Претставникот на Меѓународниот суд за правда Филип Куврер наведе дека судот прописно го разгледал мислењето на членовите на Претседателството на БиХ, што го изнеле во нивните писма.

„Судот смета дека содржината на овие писма покажува дека надлежните тела не донеле никаква одлука, во името на БиХ како држава, во поглед на барањето за ревизија на пресудата од 26 февруари 2007 година во случајот за примена на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства на геноцид на БиХ против Србија, со што не може ништо да се преземе во врска со документот наречен „Апликација за ревизија на пресудата од 26 февруари 2017 година во случај примена на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства на геноцид“, напиша Куврер.

XS
SM
MD
LG