Достапни линкови

Туск повторно е избран за претседател на Европскиот Совет


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Лидерите на Европската Унија на денешниот состанок во Брисел потврдија дека досегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, ќе остане на таа функција уште еден мандат. Лидерите на 28-те членки на ЕУ одлучија Туск да биде претседател на Европскиот совет во следните две ипол години. Претходно полскиот министер за надворешни работи Витолд Варшчиковски, во Варшава изјави дека неговата земја „ќе направи се“ за да не дозволи Туск да добие уште еден мандат. Полската влада предложи Туск да биде заменет со членот на Европскиот парламент, Јацек Сарјуш Волски.

XS
SM
MD
LG