Достапни линкови

Хелбах: Убеден сум дека Иванов ќе покаже мудрост


Специјалниот ополномоштеник на германското МНР за Југоисточна Европа и Турција Кристијан Хелбах во посета на Скопје

Потребно е брзо формирање влада посветена на итните реформски приоритети со цел земјата да ја надмине политичката криза и да се врати на евроатлантскиот пат, порача специјалниот ополномоштеник на германското МНР за Југоисточна Европа и Турција Кристијан Хелбах по разговорите во рамки на дводневната посета на Скопје. Тој изрази уверување дека претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе дозволи парламентарното мнозинство да формира влада.

„Убедени сме дека претседателот ќе покаже мудрост и ќе ги почитува резултатите од неодамнешните избори и ќе му дозволи на мнозинството во Парламентот да формира влада што е можно поскоро. Парламентот мора да биде способен по оваа долготрајна криза да ја преземе својата работа со цел да се посвети на итните прашања пред кои е исправена земјата,“ изјави Хелбах.

Тој упати повик до сите вклучени страни да се воздржат од покренување прашања кои создаваат поделби кои не се поврзани со овие приоритети. Воедно, ги повика сите партии да дејствуваат одговорно со цел да се избегнат потенцијални тензии.

Хелбах изрази загриженост, како што рече, од негативната реторика кон организациите на граѓанското општество и кон меѓународната заедница и ги повика партиите да се воздржат од таков говор.

XS
SM
MD
LG