Достапни линкови

Заниер изрази загриженост поради меѓуетничките тензии


Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов, денеска се сретна со Генералниот секретар на ОБСЕ, г. Ламберто Заниер

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер денеска изрази загриженост поради меѓуетничките тензии, апелирајќи сите да направат конструктивни чекори за надминување на кризата. Тој на средбата со претседателот Ѓорге Иванов се согласил дека лидерите од регионот треба да се воздржат од штетна реторика, е наведено во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Во продолжение на соопштението е наведено дека тие размениле мислења околу актуелната состојба во земјава и предизвиците со кои се соочува државата предизвикани од политичката, уставната и институционалната криза.

Во контекст на политичкиот аспект, претседателот Иванов истакна дека останува на ставот дека платформата од Тирана треба да биде осудена и отфрлена, исто како и мешањето во внатрешните работи на Република Македонија, кои не помагаат во напорите за добрососедски односи и стабилноста и безбедноста во регионот, е наведено во соопштението.

XS
SM
MD
LG