Достапни линкови

Бројот на загинати при нападот во Кабул расте


Ранета жена од нападот врз воената болница во Кабул, 9 март 2017

Авганистанските власти соопштија дека бројот на загинати при нападот врз воената болница во Кабул се искачи на 49, а бројот на ранети изнесува 76. Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот при кој вооружени напаѓачи влегле во болницата облечени во медицинска униформа и пукале кон доктори, пациенти и посетители на болницата, која има капацитет од 400 болнички кревети. Најголемата воена болница во Авганистан се наоѓа во близина на американската амбасада во Кабул. На авганистанските специјални сили им биле потребни неколку часа за да ги неутрализираат напаѓачите.

XS
SM
MD
LG