Достапни линкови

Висок генерал на САД: Русија распоредува забранети проектили


Архива: Воениот офицер на вооружените сили на САД, генерал Пол Селва.

Заменик претседателот на Здружениот генералштаб на САД соопшти дека Русија на копно распоредила крстосувачки проектили, со што ги прекршува „духот и намерата“ на договорот за контрола на нуклеарното оружје од ерата на Студената војна и оти тоа го сторила за да „претставува закана за НАТО.“

Вториот највисок воен офицер на вооружените сили на САД, генерал Пол Селва денеска потврди дека Русија распоредила нови крстосувачки проектили SSC-8. Овие проектили Русија неколку години ги развиваше и покрај жалбите од Вашингтон дека го крши договорот од 1987 година. Селва рече дека системот претставува ризик за објектите на САД во Европа.

XS
SM
MD
LG