Достапни линкови

Белград: војската на Косово, дополнителна нестабилност


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Во Собранието на Косово за денеска е најавен почеток на распрвата за нацрт законот што вчера го предложи претседателот на Косово Хашим Тачи за трансформација на безбедносните сили на Косово во Војска на Косово. Според Тачи, оваа трансформација нема да влијае врз овластувањата или мисијата на КФОР и ќе придонесе за мирот во регионот. Официјален Белград пак, оцени дека тоа ќе претставува дополнително предизвикување на нестабилност во регионот и побара од меѓународната зедница да реагира. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ порача дека Србија не гледа позитивно на најавата за формирање на вооружени сили на Косово и оти во политичка смисла ќе направи се што е можно да не се случи тоа.

XS
SM
MD
LG