Достапни линкови

Туск со порака дека ЕУ не го заборава Западен Балкан


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во писмото испратено до лидерите на ЕУ, наведува дека Унијата ќе остане ангажирана за Западен Балкан и ќе ги исполни ветувањата. Тој ситуацијата на Балканот смета дека е деликатна, додавајќи дека неколку претставници од земјите членки на ЕУ побарале да се разговара на таа тема.

Туск посочува и дека в четврток Европскиот совет ќе разговара за зајакнување на европската одбрана, економската обнова и за оспособување на служвбатра на обвинител на ЕУ. На седницата ќе се избира и нов претседател на Европскиот совет.

XS
SM
MD
LG