Достапни линкови

Демолиран музејот на албанската азбука во Битола


Битола

Непознати лица утринава, како што информираат од СВР Битола ја оштетиле фасадата, влезната врата и еден прозорец на Музејот на албанската азбука во градот. Од СВР Битола посочуваат дека напаѓачите фрлиле шишиња со запалива течност, односно молотови коктели кон музејот.

Министерството за култура остро го осуди настанот и како што посочуваат, историјата на албанскиот народ е дел од заедничкото мултикултурно наследство кое е силна одлика на Македонија. Од министерството апелираат на воздржаност од насилство и почитување на културното наследство.

Од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека настанот е изолиран и мора да биде осуден од страна на сите со цел да се спречи евентуална негова злоупотреба за партиски и политички цели. Инцидентот, како што посочуваат е обид на одредени сценаристи да предизвикаат дефокусирање од актуелните политички случувања во државата.

И од СДСМ го осудија инцидентот и обвинија дека насилството и омразата се потикнати лично од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поддржани од претседателот Ѓорге Иванов и оти тие водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и земјата. СДСМ ги повика граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокации.

XS
SM
MD
LG