Достапни линкови

Трамп и Нетанјаху разговорале за опасноста од Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Вашингтон, 15.02.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарале за стратегиските закани од Иран, соопшти кабинетот на израелскиот премиер. Притоа, како што се наведува во соопштението, главно станало збор за опасноста од нуклеарниот договор со Иран, како и за иранската агресија во регионот. Според Нетанјаху, сегашниот договор за ограничување на иранските нуклеарни активности откако ќе истече за 10 или 15 години му остава можност на Техеран да направи нуклеарна бомба.

XS
SM
MD
LG