Достапни линкови

Трамп потпиша нова забрана за влез во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша нова извршна наредба со која привремено им се забрана влез во САД на луѓе од неколку муслимански земји, потврди Белата куќа. Забрането е ново издавање визи за 90 дена за граѓаните на Иран, Сирија, Судан, Либија, Сомалија и Јемен. Но оние граѓани кои претходно имале визи ќе можат да патуваат во САД. Со новата одлука прекината е и програмата за дозволен престој на бегалци од 120 дена. Се предвидува ревириданата наредба да стапи на сила на 16 март. Првата ваква одлука на Трамп, која беше потпишана на 27 јануари, потоа беше суспендирана од американскиот федерален суд.

Тогашната одлука предвидуваше забрана за влез и за граѓаните на Ирак.

Трамп тврди дека забраната за патување е за да се осигура безбедноста на нацијата, додека критичарите го обвинуваат дека врши дискриминација на верска основа, обвинение кое Белата куќа го отфрла.

Ирак ја поздрави новата одлука, со која забраната не важи за нивната земја. Ирачките власти велат дека ова е „позитивна порака“ од САД, во време кога земјата се бори со борците на Исламска држава.

XS
SM
MD
LG