Достапни линкови

Јолевски : Безбедносната состојба е стабилна


Министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Безбедносната состојба во земјава е стабилна, оцени денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип.

„Безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво, и е стабилна. Ние како Армија и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме“, вели Јолевски.

Министерот Јолевскинајави дека во наредните 10 години Владата на Република Македонија ќе инвестира во модернизација на Армијата на Република Македонија, во кој период ќе се набави и нова опрема, а се пополнуваат и единиците на македонската Армија.

-

XS
SM
MD
LG