Достапни линкови

Могерини - На Балканот тензично, но регионот има сила да одговори


Могерини за време на посетата на Скопје, 2 март 2017.

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, пред почетокот на дебатата за состојбата на Западниот Балкан на денешниот Совет за надворешни работи на Унијата, порача дека таа ќе ги информира шефовите на дипломатите на членките на ЕУ дека состојбата на Балканот е тензична и изложена на предизвици, но дека регионот има сила да одговори.

Попладнево во Брисел министрите за надворешни работи на членките на ЕУ ќе разговараат за извештајот на Могерини по посетата на Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора минатата недела.

Могерини очекува ЕУ да изрази силна и јасна посветеност на кредибилна европска интеграциска перспектива на Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG