Достапни линкови

Последен ден од карневалот во Вевчани


Вевчански карневал со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, попладне ќе заврши годинашниот Вевчански карневал .

Маскираните, инспирирани од актуелните случувања изминатава година, според традицијата, ќе ги посетат вевчанските семејства каде што има име Васил, Василиј. Во утринските часови, заедно со членови од семејствата беа на Вевчанските извори полнеа вода со која го правеа вевчанскиот кашаник со паричка.

Вевчани изминатите два дена претставуваше отворена театарска сцена. Меѓу највпечатливите маски на овогодинашниот карневал беа СОРОС во Македонија, Шарена револуција, федерализација и кантонизација на државата, низ вевчанските улици се продаваа и дипломи од Косово за 5.000 евра, а внимание привлекоа и фантомските тутунарки. Не изостанаа ниту маските од секојдневието, омилените цртани ликови, како и други со страшни и смешни содржини

XS
SM
MD
LG