Достапни линкови

Франција бара итен состанок на ОН за Алепо


Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Ајраулт

Франција повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН со цел да се дискутира за ситуацијата во сирискиот град Алепо. Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Ајраулт изјави дека во услови на интензивирани борби во регионот и хуманитарната катастрофа со која се соочува Сирија мора веднаш да се стави крај на непријателството.

Шефот за хуманитарни прашања на ОН, Стефан О' Брајан изјави дека околу 16 илјади цивили биле дислоцирани поради борбите во изминатите денови, а повеќето од нив се наоѓаат во неизвесни и несигурни ситуации. Сириските владини сили вчера ја преземаа контролата врз неколку клучни реони во источниот дел на Алепо.



XS
SM
MD
LG