Достапни линкови

Расте бројот на загинати во несреќата на градилиште во Кина


Спасувачите работат на местото на несреќата во провинцијата Џиангси, Кина 24 ноември, 2016 година

Кинеските државни медиуми јавуваат дека бројот на жртвите при падот на платформа на електрана во изградба во кинеската источна провинција Џиангси се искачил на 74.

Државната агенција Ксинхуа денеска јави дека 68 од 74 луѓе што загинале се идентификувани, а загинатите се на возраст меѓу 23 и 53 години. На платформата имало дваесетина работници кога паднала, а шефот на кинескиот инспекторат за безбедност пристигнал на местото за да се спроведе истрага. Смртоносните несреќи при градба се чести во Кина каде што постојат ниски стандарди за безбедност при работа.

XS
SM
MD
LG