Достапни линкови

Путин налутен од резолуцијата на ЕП за Русија


Рускиот претседател Владимир Путин, Москва, 23.11.2016.

Европскиот парламент предупреди дека расте „непријателската пропаганда“ на Русија против Европската унија и побара од членките да ги зголемат нивните напори во борбата против дезинформациите. Во резолуцијата се конкретизира дека рускиот телевизиски канал „Раша тудеј“ и новинската агенција „Спутник“ користат „апсолутно лажни вести“ и оти „лажни новински агенции и социјални медиуми“ шират дезинформации што е предизвик за демократските вредности во Европа. Рускиот претседател Владимир Путин во Москва изјави дека резолуцијата сигнализира „политичка деградација на демократските идеи во западното општество“.

XS
SM
MD
LG