Достапни линкови

ОН: Под опасада живеат 1 милион Сиријци


Шефот за хуманитарни прашања на ОН, Стивен О'Брајан

Шефот за хуманитарни прашања на ОН, Стивен О'Брајан изјави денеска дека бројката на Сиријци кои живеат под опсада е двојно зголемена во изминатата година и изнесува речиси милион луѓе. Тој пред Советот за безбедност на ОН истакна и дека опсадата главно се врши од страна на сириските владини сили против цивили.

Според него, цивилите се изолирани и гладни, при што не им се укажува ни медицинска помош. О'Брајан упати и силна критика до владата на сирискиот претседател Башар ал Асад за нејзиниот неуспех да ги заштити сите Сиријци и за бомбардирањето на сопствениот народ поради одбрана на националниот суверенитет.


XS
SM
MD
LG