Достапни линкови

Ердоган со критики кон Западот и Ватикан


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба со пакистанскиот премиер Мухамад Наваз Шариф. 16.11.2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќање пред Парламентот на Пакистан упати критика до Западот и до Ватикан поради, како што рече „поддршката што им ја даваат на нашите непријатели“.

Тој повика на единство на муслиманските држави во светот: „Сите оние, кои сакаат дестаблизација на Турција и муслиманскиот свет, се поддржани од Западот и имаат врски со Ватикан“, рече Ердоган.

„Ние можеме да ги победиме само со единство“, изјави Ердоган.

XS
SM
MD
LG