Достапни линкови

Абади побара од милитантите на ИД да се предадат


Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади зборува на конференција во Франција, Париз, 20.10.2016

Ирачкиот премиер Хајдер Абади ги повика милитантите од Исламска држава да се предадат во Мосул додека ирачките сили навлегуваат во градот за првпат. Абади кој денеска се појави на државната ирачка телевизија во воена униформа,барањето за повлекување го испорача за време на посетата на воена воздушна база северно од Мосул.

За нив нема излез, или ќе умрат или ќе се предадат, рече Абади, кој зборуваше додека ирачките сили ги пробија одбранбените линии во источен Мосул.

Војската претходно предупреди дека битката за градот, кој де факто е главен град на Исламска држава во Ирак, може да трае со недели или евентуално со месеци.

Големата офанзива за преземање на Мосул, кој е заземен од екстремистичката група во 2014 година, почна пред две недели.


XS
SM
MD
LG