Достапни линкови

Путин потпиша закон за суспензија на договорот за плутониум


Рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, 27.10. 2016

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се запира договорот со Соединетите Американски Држави за располагање со плутониум, чекор кој доаѓа во време на постојано влошување на билатералните односи. Законот стапува во сила денеска, односно истиот ден кога официјално беше објавен и неколку недели откако Путин го достави во Собранието кое го изгласа.

Со него формално се суспендира руската вклученост во договорот кој беше потпишан во 2000 година и со кој се обврзуваа двете земји да го уништат вишокот плутониум.

Предуслови, според законот, за обновување на договорот се САД да ги повлечат санкциите против Русија и да ја компензираат штетата направена од нив, како и намалување на американската воена инфраструктура во Источна Европа. Вашингтон соопшти дека санкциите поради руските акции во Украина ќе продолжат се до спроведувањето на Договорот од Минск со кој треба да се стави крај на борбите меѓу украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Русија.


XS
SM
MD
LG