Достапни линкови

МФ- Тезите на Наумов се манипулации


Архивска фотографија- Министерство за финансии

Министерството за финансии реагира на соопштението на дополнителниот заменик министер Кире Наумов нарекувајќи го манипулација. Од министерство наведуваат дека утре немало да има ново задолжување со државни хартии од вредност, туку презапишување на средствата.

Манипулација е и тезата која сака да ја пласира Наумов во јавноста дека Македонија е презадолжена земја, наведуваат од министерството.

„Демант за тоа добива од најрелевантниот извор – европската статистика Еуростат која ја рангира Македонија меѓу најниско задолжените земји во Европа и регионот. Да потсетиме дека во 2005 година долгот на државата изнесуваше 36,7 отсто. Денес државниот долг изнесува 41,9%, но двојно е зголемен и брутодомашниот производ“ се наведува во реакцијата од МФ.

Претходно Наумов наведе дека министерот за финансии Кирил Миноски и официјално објавил дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50.6% од БДП. Тој тврди и дека Миноски за утре распишал ново задолжување на домашниот пазар на износ од 61.5 милиони евра.

XS
SM
MD
LG