Достапни линкови

Украинските политичари имаат седум милиони долари само во кеш


Украинскиот премиер Володимир Гројсман на пленарна сесија на економски форум во Полска, 6.09.2016

Aнтикорупциските реформи со кои се бара од украинските политичари да го објават своето богатство ја покажаа разликата меѓу тоа што го поседуваат тие и граѓаните. Некои пријавија милиони долари во готовина, други пак многу скапи автомобили, швајцарски часовници, дијаманти и големи поседи.

Владините претставници до 30 октомври требаа да го објават својот имот и примањата во текот на 2015 година во јавно достапна база. Тоа е дел од проект финансиран од Меѓународниот монетарен фонд чија цел е да се зголеми траспарентноста и да се модернизира украинската економија.

Премиерот Володимир Гројсман пријави дека заедно со жена му имаат 1,2 милиони американски долари и 460 000 евра во готовина, а поседуваат и колекција од луксузни часовници. Базата на податоци покажува и дека Гројсман, кој е поранешен бизнисмен и градоначалник, не е единствениот украински политичар кој преферира своите пари да ги чува надвор од украинскиот банкарски систем.

Според пресметките на Ројтерс основани врз изјавите на политичарите 24 члена на украинскиот кабинет заедно имаат речиси седум милиони долари во готовина. Во Украина, просечната плата е околу 200 долари месечно.


XS
SM
MD
LG