Достапни линкови

Груевски:Народот ќе одлучи меѓу оние со лажни ветувања и оние со програма


Архивска фоторгафија- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на партиски собир

На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања и оние кои имаат програма и принципи до кои се држат, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На денешната прес-конференција на која најави набавка на нова медицинска опрема вредна околу 33 милиони евра, Груевски рече дека имаат програма и принципи до кои се држат.

“На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме“ рече Груевски.

Според него, и она што е остварено во изминатите години е гаранција дека ќе остваруваат многу повеќе.

XS
SM
MD
LG