Достапни линкови

Ташевска-Ременски побара оставка од Диме Спасов


Архивска фотографија- Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска на прес-конференција побара од дополнителниот заменик-министер Диме Спасов да се повлече од функцијата. Таа ова го побара, како што рече, поради неодговорно однесување за функцијата што ја извршува и поради нарушување на угледот на министертвото.

„Тој противправно трошел средства за гориво на МТСП за потребите на возилото кое не е сопственост на Министерството, и избегал на полицијата со што го попречил полициското постапување за утврдување на негова психофизичка состојба, и надвор од секаква етика и морал поттикнал друго лице вработено во МТСП, а не како негов возач, спротивно на реалната состојба, да ја преземе одговорноста за неговото несовесно постапување“ рече Ташевска Ременски

Таа информира дека возилото Туарег кое го користел Спасов во саботата кога се случил инцидентот е сопственост на Агенцијата за вработување и не било единствено што тој го користел.

„Противзаконски тој подолго време располагал со уште други три возила кои со одлука на Владата на Република Македонија на 12 август 2015 година се дадени на трајно кроистење на АВРМ“ рече Ташевска Ременски.

Според неа, ова значи дека освен Спасов и директорот на АВРМ Влатко Поповски противправно и спротивно на правилникот за користење службени возила во сопственост на Агенцијата овозможил возила на АВРМ да бидат на располагање на неовластени лица надвор од работно време и работни задачи. Таа најави дека до Владата и надлежните органи ќе доставела пријава за злоупотреба на службена положба и овластување од страна на директорот на АВРМ.

Во министерството пак рече Ташевска-Ременски се преземале мерки за утврдување одговорност за возачот, кој, како што додаде, не е возач на Спасов, а ја презел одговорноста за инцидентот во саботата.

XS
SM
MD
LG