Достапни линкови

Шестмина загинати во напад во Авганистан


Локално население и полиција на местото на самоубиствениот бомбашки напад во Џалалабад, 31.10.2016

Во самоубиствен бомбашки напад кој се случи денеска во источната авганистанска провинција Нангаргар загинаа шест луѓе, а шест други се повредени. Нападот, како што се јавува, се случил на состанок на племенските старешини.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот во Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар.

Старешина кој е повреден во нападот вели дека бомбашот прво пукал, а потоа детонирал екслозив.




XS
SM
MD
LG