Достапни линкови

Наумов- Јавниот долг ги надмина критичните 50 отсто од БДП


Архивска фотографија- Министерство за финансии на Република Македонија

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов денеска преку соопштение реагираше наведувајќи дека министерот за финансии Кирил Миноски и официјално објавил дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50.6% од БДП.

Во соопштението се наведува дека за само девет месеци јавниот долг бил зголемен за 532 милиони евра, а во текот на 2016 година дневно се зголемувал за два милиони евра.

„Иако црвениот аларм е одамна вклучен и веќе требаше да започне долго најавуваната фискална консолидација, министерот Миноски за утре распиша ново задолжување на домашниот пазар на износ од 61.5 милиони евра“ наведува во соопштението дополнителниот заменик министер Наумов.

XS
SM
MD
LG