Достапни линкови

ЗНМ бара оставка од Пешевски поради навреда на новинарка


Лого на Здружението на новинари на Македонија

Здружението на новинарите на Македонија денеска преку соопштение остро гo осуди, како што пишуваат, недоличното однесување на потпретседателот на владата Владимир Пешевски, кој минаната недела по прес конференцијата на која го претставувал извештајот на Дуинг бизнис за Македонија, навредувал новинарка од дневниот весник Вест поради тоа што прашала дали владата размислува да ја покачи старосната граница на 67 години за одење во пензија.

“Пешевски иритиран од инсистирањето на новинарката да добие прецизен одговор околу намерата на владата да ја покачи старосната граница за заминување во пензија и се обратил на новинарката со контра прашање: „Дали вие можете да одговорите со да или не ако ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка““се наведува во соопштението.

ЗНМ посочува и дека таквиот напад не бил вперен само кон еден професионален новинар, на кој основна задача е да поставува непријатни прашања за политичарите, туку е напад и врз слободата на медиумите.

“Бараме вицепремиерот Пешевски кој лани среде бел ден нападна новинар, јавно да се извини на новинарката,но и да поднесе политичка одговорност. Или сам да поднесе оставка или премиерот Емил Димитириев да го разреши. Го потсетуваме Димитриев дека за слични навреди кон новинарка, спрскиот премиер го разреши министерот за одбрана“ наведуваат од ЗНМ од каде што ја повикуваат и ВМРО-ДПМНЕ да се оградела од однесувањето на нивниот министер и член на најтесното партиско раководство и да не го кандидирале за пратеник на следните избори.

XS
SM
MD
LG