Достапни линкови

Македонија потпиша нова петгодишна стратегија со ОН


Архивска фотографија- Никола Попоски, заменик претседател на Владата и министер за надворешни работи

Македонија денеска потпиша нова петгодишна стратегија со Обединетите нации. Во Министерството за надворешни работи, каде што се одбележа 71 годишнината од ОН, заменик - претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски и постојаниот координатор на ОН во Македонија Луиза Винтон ја потпишаа новата страгегија „Партнерство за одржлив развој”.

Целта на Документот за чие спроведување од 2016 - 2020 година се предвидени 120,9 милиони американски долари, е промоција на рамномерен и одржлив развој, како и поддршка на интеграцијата на Македонија во Европската унија.

Договорени се пет приоритетни области за соработка: вработување, добро владеење, социјална вклученост, одржливост на животна средина и родова еднаквост.

Владата ја усвои новата стратегија на Обединетите нации на 26 октомври 2016. Обединетите нации во Македонија се присутни со 10 агенции и вработени вкупно 221 лице.

XS
SM
MD
LG