Достапни линкови

Грузиски сон победи на изборите во Грузија


Плакати за изборите во Грузија, Тбилиси, 6.10.2016

Грузиската владејачка партија Грузиски сон освои уставно мнозинство во втората рунда парламентарни избори што се одржаа вчера. Партијата освои 115 од 150 места во грузискиот парламент, соопшти денеска централната грузиска изборна комисија.

Обединетото национално движење, чиј основач е поранешниот претседател Михаел Саакашвили, освои 27 пратенички места, а Алијансата на патриоти на Грузија, шест пратенички места. Саакашвили самоиницијативно живее во егзил. Двете партии и владејачката и опозициската тврдат дека се прозападно ориентирани и дека бараат подобри врски со НАТО и ЕУ.

Во првиот круг избори, што се одржа на осми октомври, Грузиски сон освои 48,68 отсто од гласовите, додека опозициската партија 27,11 отсто.Централната изборна комисија соопшти дека изборите биле одржани во генерално мирна и слободна атмосфера без поголеми прекршувања.


XS
SM
MD
LG