Достапни линкови

Судење во Казахстан за осомничени исламски екстремисти


Полиција блокира улица во Актобе заради судир на безбедносните сили и осомничени исламски милитанти, 10.06.2016

Денеска во Казахстан почна судењето на осуммина осомничени исламски екстремисти. Судењето се одвива зад затворени врати. Осомничените беа приведени во јуни и се обвинети за создавање на терористичка група, вклученост во нејзините активности и нелегално поседување оружје. Истрагата претходно соопшти дека еден од членови на групата се саморазнел при обидот на полицијата да го уапси.

Групата велат од истрагата планирала серија терористички напади во регионот, вклучително и напад на руската воена база во близина на езерото Балкхаш.

Исто така во јуни 25 осомничени исламски милитанти извршија серија напади во северозападниот град Актобе во кои загинаа пет цивили и тројца припадници на казахстанските безбедносни сили. Безбедносните сили тогаш убија 18 вооружени лица а неколкумина уапсија.


XS
SM
MD
LG