Достапни линкови

Судот ги одби предлозите за претпазливост за Канчевска-Милевска


Министерката за култура Канческа-Милевска на прес-конференција објавува документи за истрагата на СЈО, Скопје 20.10.2016

Од Основниот суд Скопје 1 денеска соопштија дека постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерки за претпазливост против две лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тендери“, пред судија на претходна постапка на 28.10.2016 година беа повикани двете лица кои во присуство на нивните бранители и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот.

„По завршување на распитот судијата на претходна постапка со решение од 28.10.2016 го одби предлогот на СЈО, за определување на мерки за претпазливост, како неоснован, а по писменото изготвување решението е експедирано до странките“ се наведува во соопштението.

СЈО на 20 месецов објави два нови случаи именувани како „Тендери“ и „Топлик“. Првиот се однесува на тендери поврзани со Музејот на ВМРО, а вториот е поврзан со изградбата на Сончев град. Актуелната министерка за култура Елизабета Канчевска- Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески истиот ден негираа каква било вина.

XS
SM
MD
LG