Достапни линкови

Уапсен главниот уредник на турскиот весник „Џумхуриет“


Турската полиција го уапсила главниот и одговорен уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“ Мурат Сабунџу, објави денеска новинската агенција Анадолија. Телевизијата Си Ен Ен Турк пак објави дека биле издадени 13 налози за апсење на новинари на овој весник. Властите трагаат и по Акин Аталај, претседател на Управниот одбор. Апсењата, според провладините медиуми, биле во рамките на истрагата околу активностите на овој весник поврзани со проповедникот Фетула Ѓулен кој турските власти го обвинуваат за организирање на обидот за државен удар на 15 јули годинава.

XS
SM
MD
LG