Достапни линкови

Најверојатно втор круг на претседателските избори во Молдавија


прелиминирани резултати од претседателските избори во Молдавија, 30.10.2016.

Претседателските избори во Молдавија по се изгледа ќе имаат и втор круг, покажуваат првичните резултати од вчерашното гласање. Со скоро сите пребројани гласови прорускиот кандидат од Социјалистичката партија Игор Додон добил 48,7 насто од гласовите. За победа во првиот круг се неопходни над 50 насто од гласачите. Главниот ривал на Додон, проевропската кандидатка на Партијата за акција и солидарност Маја Санду доби 37,9 насто гласовите. Одѕивот на изборите бил скоро 49 проценти, што е многу повеќе од неопходните 33 насто за да бидат валидни. Ова е прв пат за 20 години граѓаните на Молдавија директно да избираат претседател.

XS
SM
MD
LG