Достапни линкови

Илјадници луѓе во Италија ноќта ја минаа во шатори и коли


Евакуирани од земјотресот во централна Италија, 30.10.2016.

Илјадници луѓе во централна Италија ја минале ноќта во автомобили, шатори и импровизирани сместувалишта по серијата земјотреси што три месеци го тресат ова подрачје. Во вчерашниот потрес од 6,6 степени биле повредени најмалку 20 луѓе. Загинати немало веројатно поради тоа што по претходните земјотреси многу луѓе ги напуштиле нивните домови. Над илјада луѓе останале без покрив над главата. Средовековната црква Свети Бенедикт во градот Норчија во регионот Умбрија беше една од многуте историски згради што се урнаа во вчерашниот земјотрес.

XS
SM
MD
LG