Достапни линкови

Шефот на ФБИ можеби го прекршил законот


Лидерот на демократите во американскиот Сенат Хери Рид

Лидерот на демократите во американскиот Сенат Хери Рид изјави дека шефот на ФБИ Џејмс Коми можеби го прекршил законот со тоа што обелодени дека неговата агенција водела истрага за новооткриените мејлови кои евентулано биле поврзани со истрагата за приватната електронска пошта на претседателскиот кандидат Хилари Клинтон. Рид упати писмо до Коми во кое се наведува дека таканаречниот „Хеч Акт“ забранува функционери да ја корситат нивната позиција за да влијаат врз изборите. Веста дека ФБИ води истрага дојде на помалку од две недели од претседарелските избори во САД. Случајот со приватната електронска пошта на Клинтон беше затворен во јули година без да биде покренато обвинување против неа.

XS
SM
MD
LG