Достапни линкови

Србија: Дел од оружјето од боишта во Хрватска и од БиХ


Српскиот премиер Александар Вучиќ на прес конференција по откривањето оружје во близина на неговиот дом, Белград, 30.10.2016.

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави дека со истрагата досега е утврдено потеклото на дел од оружјето пронајдено во Јајници недалеку од куќата на премиерот Александар Вучиќ, но се чека резултат од ДНК анализата. Тој рече дека е утврдено потеклото на дел од оружјето, односно дека дел од тоа потекнува од боишта во Хрватска, а две од четири бомби биле од боишта од БиХ, од подрачјето на Сараево. Стефановиќ наведе дека засега не се знае кога и како оружјето е оставено таму, но и дека целиот случај е прашање за разузнавачките служби.

XS
SM
MD
LG