Достапни линкови

Нема повредени македонски државјани во земјотресот во Италија


Штета од земјотресите кои ја погодија Италија пред неколку дена

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти денеска дека во моментов нема информации за повредени граѓани во силниот земјотрес што утрово повторно го погоди централниот дел на Италија. Според МНР, воочени се само поголеми материјални штети.

Од министерството воедно ги известуваат сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG